Состојбата со локалните патишта во руралните населени места во општина Делчево е во особено лоша состојба на поедини важни делници кои што граѓаните ги користат секојдневно за свои потреби. Станува збор за локални патишта кои што поврзуваат села од разбиен тип во северозападниот и североисточниот дел од општина Делчево каде што населението поради немање на основни услови во континуитет се иселува во потрага по подобри услови за живот.
Дополнително на ваквата состојба со патната инфраструктура се надоврзува и очајната состојба со регионалните патишта коишто поврзуваат населени места- станува збор за регионалните патишта кој што водат до село Габрово и село Разловци. Жителите на село Габрово и село Разловци со години наназад бараат проширување и реконструкција на регионалниот патен правец Р2341 меѓу Делчево и с. Габрово и регионалниот патен правец Р2346 од с. Тработивиште до с. Разловци кои што се единствените сообраќајни врски на овоие населени места со остатокот од светот.
За подобруање на состојбата со локалните патишта од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Делчево реагираат со свои барања до Советот на општина Делчево и до Градоначалникот, за олеснување на животот на граѓаните на ваквите населни места со лоша патна инфраструктура.
Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа Барање за санација и опесочување на патот кој што води до т.н. Стефанско маало во село Бигла кој што е во катастрофална состојба.
“ Нашата Советничка група поднесе Предлог/Барање за санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до Стефанска маала во с.Бигла.
Врз основа на нашите обврски и овластувања како Советничка група кон жителите на Општина Делчево и согласно програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2023 година од Градоначалник на Општина Делчево бараме санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до Стефанска маала во с.Бигла.
Опесочувањето се бара поради лошата патна инфраструктура која привремно е решение за граѓаните кои живеат во горе споменатите места во с. Бигла и секојдневно имаат потешкоти во извршување на секојдневните активности и обврски.
Отежнато е движењето посебно во лоши временски услови на дожд. Во овој дел од селото жители секојдневно одат на работа кон Делчево, дечиња на училиште и е единствен пат за прибирање на храна за добитокот.
Бараме во краток временски рок да се направи санирање на побараниот дел во селото затоа што истите тие жители уредно си ѓи имаат подмирено давачките кон Општина Делчево а и незмисливо е во 21 век граѓаните да газат кал за да стигнат во своите домови.”
-соопштија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”