Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска во јавност ја промовираше новата дигитална алатка “мЗаедница” преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми до надлежните органи во општината, нивно тековно следење и транспарентно решавање.
Ваквата дигитална алатка која во значителна мера им го олеснува решавањето на потребите и проблемите на граѓаните е креирана со поддршка на американската амбасада во Република Македонија и во себе има интегрирано повеќе можности и функционалности.
“„мЗаедница“ за граѓаните овозможува:
- Интерактивна двонасочна комуникација со општината
- Поднесување на пријави, проблем или предлог, до општината
- Преглед на сите пријави од страна на граѓаните
- Можност за поддржување и споделување на пријава од граѓанин
- Можност за коментар
- Поднесување на барање за субвенционирање
- Преглед на сите активни субвенции
- Преглед на објавени новости од општината
- Избор на теми од интерес за локални новости
- Поврзување со социјалните медиуми
„мЗаедница“ за општините овозможува:
- Административен панел со повеќе нивоа на администрација
- Преглед на пријави по категорија, локација и време
- Комуникација и администрација на секоја пријава
- Преглед на поднесени барања за собвенции од граѓани
- Објава на субвенции со пропратни документи (фотографија и линк)
- Објава на новост
- Статистички податоци”
-стои во објаснувањето на веб страната на самата апликација
“Граѓаните на Општина Штип веќе имаат можност за електронски пристап до сите општински услуги, со што преку дигитализирана платформа во секој момент ќе имаат можност да поднесуваат барања до сите одделенија и сектори во рамки на Општина Штип и јавните претпријатија.
Воведуваме алатки преку платформата “М ЗАЕДНИЦА” каде граѓаните ќе можат да пријавуваат проблем, а потоа преку одговорното лице во секторот или одделението надлежно за истиот, ќе комуницираме со граѓаните, со цел навремено и ефикасно постапување од страна општинската администрација и јавните претпријатија.
Апликацијата можете да ја симнете на:
Google play store – https://goo.gl/Y9qhpE (за корисниците на Android)
App store – https://apple.co/2SbERqJ (за корисниците на Apple)
Десктоп верзија: www.mzaednica.mk
Воведуваме уште една новина, а тоа е преку ВЕБ СТРАНИЦАТА на Општина Штип, секој граѓананин, од својот личен електроски уред, да има можност за брзо и лесно плаќање на данокот за имот.
Нашата цел и визија е преку реализација на овие проекти да обезбедиме поквалитетни услуги, поефикасна администрација и спречување на корупцијата. Истовремено овозможуваме транспарентност и отвореност на општината кон сите предизвици на граѓаните на Општина Штип!”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски