БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска Ковачевски се пофали со зграда изградена во време на Груевски во обид за промоција дека нешто се работи

Пренеси го гласот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гостивар промовираше нова изградена т.н. социјална зграда во која се сместија 45 семејства.

Оваа зграда беше изградена до фаза на карабина во времето на премиерот Никола Груевски при што беа обезбедени сретства за целосно нејзино завршување. Но поради неспособноста на актуелната владина гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ цели 6 години стагнираше целосната реалиација на проектот, по што денес Ковачевски со истиот се обидува да собере некој ситен политички поен кај оние малку поддржувачи на катастрофално лошите политики на актуелната влада.

Денеска е убав ден за 45 семејства од Гостивар, за кои решивме еден горлив проблем. Навистина многу ми значи што сите заедно ја споделивме нивната среќа и им доделивме клучеви од нивните домови.

Изминатиов период колку и да беше тешко да се справуваме со предизвиците што ги наметна светската економска и здравствена криза, како Влада ниту се откажавме, ниту запревме во спроведување на социјално – станбената политика.

-соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски

Креирано од:


Пренеси го гласот