Сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ ни е стекната преку РЕФЕРЕНДУМ, не преку протести, не со војна и нереди туку референдумски!
Со РЕФЕРЕНДУМ не успеаа да ни го променат и името, тоа го направија кукавички со т.н”балкански методи” и тоа го знаеме сите ама важно, не успеаа со референдум!
А со овој РЕФЕРЕНДУМ ќе треба да ставиме крај на понижувањето!
Можеби некој не верува, можеби има сомнежи ама успешен референдум ќе значи втор 8 септември и одново стекната независност која ни ја разнишаа оние кои прават се за да се на власт!
Сеуште стојат по архивите коментарите со недоверба и неверување давани пред референдумот од 8 септември 1991 год, ама референдумот сепак успеа и го славиме до денес како Ден на независноста, а за да успееме и сега, ни следи најзначајната масовна народна мобилизација!
-фејсбук статус на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи