Деновиве во тек е реконструкцијата и поставувањето на нова опрема на спортското игралиште во Карбинци кое што ќе прерасне во ангажирано место за спорт и рекреација за сите генерации карбинчани.
Посветеноста на градоначалникот на општина Карбинци и неговиот тим во насока на реализација на предвидената програма за граѓаните, добива на целосен интензитет.
“Виктор Паунов Заврши и асфалтирањето на малото спортско игралиште во Карбинци, со тоа што во следниве денови ќе биде завршено оградувањето и поставувањето на кошеви, стативи и нови рефлектори. ![]()
![]()
Ветив обнова на ова игралиште истото и го реализираме!
“
-информираше градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.
Во Карбинци во тек е реализацијата на повеќе други проекти што беа ветени на жителите на оваа рурална општина и покрај финансиската криза која што ги погаѓа директно општините и целокупната локална самоуправа во цела држава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово