Заедно со претставници од Организацијата на работодавачи, Средното општинско училиште “Димитар Мирасчиев”, Технолошко – техничкиот факултет при УГД – Штип, советници од Влада на Република Македонија, Фондација Фридрих – Еберт и Олоф Палме Центар – Шведска, успешно ја отворивме 6та Текстилијада во организација на најсилната работничка организација, Гласен текстилец. Град Штип како центар на текстилната индустрија може да генерира одржлив развој единствено преку надминување на проблемите кои директно влијаат врз економскиот напредок на нашиот град.
Настанот “Текстилијада” се издигна како препознатлив бренд за нашата Општина и преку ваква успешна соработка шеста година по ред им помага на младите, работничките и работниците да ги остварат своите законски права и активно да се вклучат во процесот на одлучување.
Извор: Иван Јорданов- Градоначалникот на општина Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа