Продолжува успешната практика на искористување на европските фондови за реализација на проекти со европски пари во општина Македонска Каменица. Претставници на рударското гратче заедно со претставници на општина Белица, Р. Бугарија го потпишаа договорот за нов проект под наслов „Реставрација на објекти од историско и културно значење и заштита на материјални и нематеријални културни наследства во Белица и Македонска Каменица“.
Проектот се спроведува во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓудвете земји. – Со новодобиените финансиски средства кои се во вкупен износ од 3 милиони денари ќе се набавува нова ИТ опрема, за Домот на културата во М.Каменица, а ќе бидат организирани и неколку работилници на кои ќе се разменуваат искуства помеѓу жители од двете држави, Бугарија и Македонија, рече градоначалникот на општина М.Каменица, Дарко Митевски. Со реализацијата на овој проект значаен за жителите на Македонска Каменица општината останува лидер во регионот по бројот на искористени средства од европските фондови


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина