БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заев свесно ја прекина изградбата на клиничкиот центар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заев свесно ја прекина изградбата на клиничкиот центар за кој ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства од Европската централна банка

Соопштение до јавноста

СДС за три и пол месеци откако е на власт нема направено буквално ништо во македонскиот здравствен систем, од кое граѓаните би имале некаква корист.

СДС и Зоран Заев свесно ја прекинаа изградбата на клиничкиот центар, еден од поголемите капитални проекти во здравството, за кои ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства од Европската централна банка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се беше подготвено само да се почне да се гради, беше изработен проект, беа обезбедени средства. Но, СДС и Зоран Заев го попречија и го блокираа и овој проект нанесувајќи огромна штета на граѓаните.

Недозволиво и неодговорно е да се оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години.

Ова е уште еден доказ дека владата на СДС и Заев не работи буквално ништо. За три и пол месеци граѓаните од владата на Заев и СДС не видоа ниту еден единствен реален проект за подобрување и подигнување на квалитетот и стандардот во македонското здравство, освен креирање на лудило, хаос и безредие.

Граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат Зоран Заев и неговото расипничко владеење. Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат да им се случи Заев и СДС.

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace