БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова група на млади пчелари од Брегалничкоит регион обучени за одржување пчеларство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Програмата за зачувување на природата во Македонија ја реализираше втората по ред обука за млади пчелари од Брегалничкиот регион, со цел да им помогне на младите од овој регион да се стекнат со потребното знаење за одржливо пчеларство со рационално искористување на природните ресурси како и подобрување на економската состојба на младите од овој регион.Обуката се спроведуваше од страна на долгогодишни искусни пчелари – едукатори, по програма распределена во 10 модули со практичен и теоретски дел. Програмата за обуката е подготвена со швајцарска експертиза, но адаптирана за македонските пчеларски услови. Оваа обука успешно ја завршија 18 млади лица од регионот, со што вкупниот број на едуцирани млади пчелари во Брегалничкиот регион во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија се зголеми на 36 од кои 12 се жени.Како и претходната година, учесниците на оваа обука имаа можност да се едуцираат за основите и техниките на одржливото пчеларство на нагледен пчеларник кој беше воспоставен во Брегалничкиот регион каде секој од учесниците се грижеше за своите пчелни семејства и имаше можност да ги примени своите знаења. По завршувањето на обуката секој од учесниците оформи свој пчеларник во рамки на Брегалничкиот регион со што бројот на пчеларници го зголемивме на 36 како резултат на спроведените обуки. Голем дел од учесниците, покрај добиените три пчелни семејства од страна на ПЗП, на сопствена иницијатива извршија зголемување на бројот на пчелните семејства. Младите пчелари и по завршувањето на обуката имаат континуирана поддршка од едукаторите со цел нивно успешно воведување во пчеларството.Ваков тип на обука за прв пат се спроведува во Брегалничкиот регион, со што директно придонесуваме кон целта да имаме едуцирани пчелари кои преку одржливо искористување на придобивките од природата ќе започнат свој бизнис. Со спроведувањето на оваа обука покрај придонесот кој го имаме кон едукација на младите за пчеларството исто така придонесуваме и кон промоција на важноста на македонската автохтона пчела Apis mellifera macedonica која е доста важна како за пчеларството така и за зачувување на биолошката разновидност.

Извор:Програма за зачуваување на природата

 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace