БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали штиклите на новата амбасадорка на САД Ангела Агелар од денешниот прием кај Пендаровски се некаква порака за јавноста?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со цел на разбивање на актуелната мрачна реалност која е надвисната над граѓаните на Македонија, ваквиот наслов на овој текст треба да понуди своевидно охрабрување за промени во државата во интерес на сите граѓани (без никаков негативен и злонамерен контекст се разбира).

Денеска на пригодна свеченост новата амбасадорка на САД Ангела Агелар ги предаде акредитивите на претседателот Стево Пендаровски. Во врска со ваквиот протоколарен чин на изјава за јавноста од амбасадата на САД упатија свое известување за граѓаните на Англиски јазик.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денеска амбасадорката Ангела Прајс Агелер го предаде своето акредитивно писмо до претседателот Пендаровски

„Повеќе од 30 години работевме заедно за да го обезбедиме вистинското место на Северна Македонија во поголемата европска заедница со поддршка на основните вредности на просперитетна демократија – почитување на владеењето на правото; еднакви можности за правда, економски раст, и лично изразување; и посветеност за остварување на тие цели отворено и транспарентно. “ – истакна амбасадорката Агелер во своите забелешки на церемонијата.

Еден од клучните приоритети на делување во Македонија го имаше и претходничката на Агелар- Кејт Мери Брнз која што постојано ја истакнуваше потребата од владеење на правото во МАкедонија, но до ден денес тоа владеење на право е само шарена флоскула која никако да се оствари. Дали и на кој начин присуството на Ангела Агелар во Македонија во својство на амбасадор ќе ги размрда состојбите кон позитива, останува да следиме во наредниот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот