БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Развојот на Кочани е можен со зголемен фонд на капитални инвестиции: Отчет за сработеното на градоначалникот Љупчо Папазов

Пренеси го гласот

Предизвикот да се води локалната самоуправа во Кочани е голем, но функцијата нуди и општествени придобивки имајки го предвид фактот што од најмоќната локална функција човек може да влијае позитивно на сегашните и идните генерации кочанчани за подобрување на животниот стандард на сите луѓе.

Во првата година од мандатот на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов токму реализацијата на проектите кои што оставаат траен белег врз развојот на општината имаа главен збор во заложбите и работењето на локалните институции. Реализирани се голем број на проекти пред се од патната и сообраќајна инфраструктура, комуналната инфраструктура- водовод и канализација, реконстрикција и изградба на капитални објекти од високоградба, како и низа на проекти од областа на јавни дејности.

Реализирани се вкупно 13 проекти од сообраќајната инфраструктура кои што покрај подобрувањето на безбедносните аспекти низ централното градско подрачје во Кочани значат и помалку кал во населените места за граѓаните кои таму живеат.

Финансиски поголеми проекти се реализирани од областа на комуналната инфраструктура, пред се за обезбедување на поквалитетна вода за пиење за жителите на Кочани, изградба на фекална канализација за населени места и изградба на атмосфереска канализација за одведување на атмосферски води.

Исто така извршена е реконструкција и изградба на повеќе јавни објекти од областа на културата, образованието, објект за потребите за водоснабдувањето.

Приматот за граќански центар околу кој гравитираат голем број јавни дејности го има токму општината Кочани во изминатиот период преку воспоставување на соработка и поддршка на голем број активности од јавната сфера на живеење во Кочани.

Во продолжение го пренесуваме Отчетот на градоачалникот Љупчо Папазов за првата година од неговиот мандат на чело на општина Кочани:

[Best_Wordpress_Gallery id=”182″ gal_title=”Љупчо Папазов-365 дена промени за подобра иднина”]

Неодамна при своето претставување на саемот на реализирани проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Папазов во првиот дел зборуваше за предизвиците со кои што се соочи изминатата година на финансиски проблеми и наследени нефункционални сектори и делови од локалните институции.

Во вториот дел од своето обраќање пред присутната јавност тој зборуваше и за најзначајните свои проекти кои ги реализираше заедно со ЕЛС Кочани и останатите локални институции под негови ингеренции.

Креирано од:


Пренеси го гласот