Успешно одбележана ЦКА-ПХВ неделата и во Делчево.
На 27-ми Септември во просториите на Црвен Крст Делчево свечено беа доделени дипломите на младинците кои оваа година ги изработуваа малите ПХВ проекти. Настанот беше збогатен со читање на раскази на тема „Промоција на различности“ кои беа вешто напишани од нашите сограѓани и исто така се промовираа фотографии на истата тема направени во нашиот град. Посетителите добија појасна слика за работењето на Црвен Крст преку рекламите кои беа претставени преку пантомима од страна на волонтерите при Клубот на млади при ООЦК Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани