23 работници од фабрика во Штип попладнево биле пренесени во болницата во градот откако кај нив се појавиле тегоби по ручекот во фабриката и знаци на труење. Сите по укажаната помош биле испратени на домашно лекување, додека еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. Веднаш по труењето на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
– Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова за А1он. Од ДСЗИ велат дека нема да коментираат која е причината за труењето се додека не се завршат сите испитувања.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист