БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Грозјето се продаде, а пари за лозарите од Повардарие нема

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Лозарите се закануваат дека ќе ги блокираат патиштата откако побараа финансиската полиција да ја преиспита цела ситуација бидејќи грозјето било откупено, а не е платено.

Лозарите се гневни бидејќи како што кажуваат не се почитувал договорот што бил потпишан.

-Блокирани се двете капии на винаријата и не дозволуваме влез или излез на било каков имот на винарската визба. Овој протест легално е пријавен во полиција. Работата е што не го почитуваат договорот што е потпишан, рече Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
Владата нема слух за лозарите, па ним не им преостанува ништо друго освен со протест да си бараат да им се исплатат обврските. Винаријата им должи на огромен број на лозари, а надлежните молчат.

Инаку, oд 2008 год, ВВ Повардарие е 100% сопственост на Вино Жупа од Александровац – Република Србија.

Јавноста се прашува зошто не им се исплаќаат парите на лозарите ако се знае фактот дека Владата дозволи извоз на виното, а лозарите уште не можат да ги добијат своите средства.

Лозарите се гневни заради лошата политика и лажните ветувања. Владата на Зоран Заев им ветуваше помош за земјоделците и решавање на нивните проблеми, но на терен ситуацијата е сосема поинаква.

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace