БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДИК: До 2 часот по полноќ трае рокот за приговори за резултати од изборите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ, соопшти Државната изборна комисија.

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до денеска до 19 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15:30 часот по еден приговор за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати за првиот круг од локалните избори поднеле Алијансата за Албанците и ТМРО.

Според информациите од ДИК, Алијансата на Албанците во приговорот бара поништување на гласањето на едно избирачко место во Гостивар. ТМРО, пак, во приговорот бара поништување на гласањето на сите избирачки места во Град Скопје изразувајќи сомнеж во работата на изборната администрација.

До ДИК претходно беа поднесени 48 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право. (МИА)

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace