Од страна на граѓанската иницијатива “Македонија пред се” повикуваат на регионален протес против промена на името на Република Македонија.
Протестот ќе се оджи во Битола во недела 10.06.2018 година со почеток во 18.00 часот на плоштадот Магнолија.
Во објавата и повикот пишува:
Отворено и без калкулации:
-ПРОТИВ промена на името
-ПРОТИВ двојазичноста
-ПРОТИВ т.н. договорот за добрососедство со Бугарија
-ЗА ослободување на патриотите
Струга-Охрид-Ресен-Битола-Прилеп и сите останати:
Ве очекуваме масовно.
Македонија вечна
Според информациите објавени на фејсбук
Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ е надпартиска иницијатива формирана со единствена цел да даде свој придонес во зачувувањето на македонските национални интереси и обединувањето на македонскиот народ заедно со останатите граѓански иницијативи и здруженија формирани во нашата држава со иста цел.
Во граѓанската иницијатива и нејзините активности добредојдени се сите граѓани без оглед на нивната идеолошка или партиска определба кои го делат нашето заедничко мото а тое е: „Македонските над партиските интереси“.
За сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на протестот има организиран превоз од околните градови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина