БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Втора работилница за подготовка на Стратегијата за развој на Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 5 јуни, од 10:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе се одржи втората од вкупно три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани. Учесниците во првата работилница, работеа на SWOT-анализа на состојбите во економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата…

Регистрираните белешки како силни и слаби страни, можности и закани беа испратени на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници. На втората работилница се очекува фокусот да е насочен на визијата и мисијата, како и стратешките приоритети и цели.

Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот, кој е воден од надворешни експерти од UN Women организацијата, која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace