БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отворени Мариовско – Мегленските средби.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

„За Мариово има многу да се говори. Секој што бил барем еднаш во посета на овој прекрасен македонски предел, знае какви сè убавини крие Мариово. Затоа наша обврска е да го дадеме својот придонес како нова локална власт, колку може повеќе да заживее регионот. Во таа насока се и овие Мариовско-Мегленски средби. Со порака за негување на пријателството, за отворање на вратите за културна и бизнис соработка меѓу двата региона Мариово и Меглен, овие 34- ти по ред средби ги прогласувам за отворени“, изјави градоначалникот Илија Јованоски од Прилеп на свеченото отворање на овие традиционални средби.

Посетителите од Македонија и соседните држави уживаа во веселата атмосфера, со звукот на тапанот и кавалот, во духот на традицијата нè потсетија на богатата македонска ризница на изворни песни и ора. Со богата културно-уметничка програма настапија и КУД „Гоце Делчев“ и „Етно Илинден“ од Битола, КУД „Стив Наумов“ од село Логоварди, играорната група „Пенка Котеска“ при прилепското Здружение на пензионери, КУД „Моминок“ од Прилеп, а за восхит беше настапот на Стевче Стојкоски со народните инструменти. Се читаа наградените поетски творби од минатонеделниот избор,што се одржа во градската библиотека „Борка Талески“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Организаторот на овие Мариовско-Мегленски културни средби е прилепското истоимено здружение. Претседателот Стојан Ѓуроски потсетувајќи на поетското творештво од изминатите децении посочи на повеќе цели и задачи што претстојат. „Радосна вест е што годинава пристигнаа гости и од Бугарија и од Грција од Меглен. Средбите беа одлично посетени и годинава им е дадено најголемо внимание од локалната власт. Сакам да истакнам дека не ги организираме само овие средби, имаме и други активности, коишто се исто толку важни, како и Мариовско- мегленските средби. Целта на овие средби е среќавање меѓу мариовците, коишто во потрага по подобар живот се иселиле од овие предели со мегленците, коишто биле присилно иселени“, рече Ѓуроски.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace