Манифестацијата „Извиднички караван“ која се одржа во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во Кавадарци, заврши беспрекорно со низа активности.
По завршетокот на настанот , група од четворица мотивирани извидници од Скопје, ја реализираа и последната активност. На постојниот пешачки премин кај ООУ „Страшо Пинџур“ тие ја обновија „пешачката зебра“ но овојпат цртајќи ја во тридеминзионална техника.

Применувајќи бела, црна и сива боја исцртаа пешачки премин кој од далечина кај возачите создава виртуелна слика на подигната бела линија, по што тие ја намалуваат брзината. Акцијата на исцртување на првиот 3 Д пешачки премин на улицата „Димката Ангелов -Габерот“ ја спопнзорираше општина Кавадарц, во соработка со извидничкиот одред „Соколи“ од Кавадарци и Сојузот на извидници на Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија