Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од свое лично име и од името на партијата го честиташе денешниот празник Рамазан Бајрам.
Во честитката стои:
Рамазан Бајрам за сите муслимански верници претставува радост, но воедно ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава.
Нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани.
Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија.
Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество.
-напиша на својата фејсбук страна Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина