Пратеникот Илија Димовски во својство на Претседател на Комисијата за избори и именувања во Македонскиот Парламент на денешната прес конференција во Собранието во детали ги објасни сите чекори и целокупната постапка за избор на членови на Државната изборна комисија.
За конституирањето на оваа комисија која е од клучно значење за спроведувањето на најавениот референдум од страна на власта, е неопходен прецизен меѓупартиски договор меѓу парламентарните партии со што самата постапка би одела напред без застој и опстукци во некоја од наредните фази за конечно и успешно заокружување на самиот процес.
Во моментот извесно е дека ваков меѓупартиски договор нема.
Проследете ја прес конференцијата на Илија Димовски, како и прашањата на новинарите и одговорите на истите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија