Никола Саздовски Саздо, денеска беше погребан на гробиштата во Ракотинци, откако им подлегна на повредите каде беше смртно претепан.
На погребот присуствуваа повеќе од 2000 луѓе, роднини, пријатели, познаници и непознаници погодени од начинот на кој младиот Саздо го изгуби својот живот.
Другарите комити со комитска песна го испратија својот другар во вечното почивалиште. Неговите пријатели со преголама тага и бес зборуваа за неговата љубов кон Македонија, за тоа колку било храбро и решително момче, преголем другар и страствен борец за Вардар.
На погребот Комитите дојдоа со неговиот омилен транспарент на кој пишува ,, Боже чувај ја Македонија’’.
Социјалните мрежи вријат за начинот на кој е смртно претепан 21 годишниот Саздо, се бара правда за момчето и соодветна казна за сторителите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи