Денес 14.07.2018 година, од 19:30 часот, во Белчишта, општина Дебрца, свечено ќе биде отворена ликовната колонија “Дебрца – 2018”, една од најстарите и со најбогат фонд уметнички дела, во нашата земја.
Годинешните учесници ќе ги претстави основачот на Колонијата, ликовниот уметник Ѓоко Целески. Ќе учествуваат над 700 дела, мегу нив и платна на великани од постарата генерација, како професорот Димче Коцо, Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други.
На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, , Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други. Годинава, на Колонијата, во Белчишта, Црвена Вода и на други места, ќe создаваат: Од Македонија-Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, и Симон Арнаудов. Од Албанија доаѓа Тасо Констандини, а од Бугарија: Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева.
Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во стара зграда како што ја нарекуваат италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, веќе современ објект со сите услови за галерискo презентирање.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week