Во Тетово вчера се случила вооружена престрелка во која три лица се повредени. Поради сериозноста на повредите , луѓето веднаш се пренесени на скопските клиники. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што се случила престрелката.
Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење на возилото пронајдено на местото на престрелката.
По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуство на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв.
– соопшти обвинителството.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието