БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Археолошки истражувања во некрополите на „Мали дол“ во Тремник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Летниот период е иделен за археолошки ископувања , посебно за љубителите на археологијата. Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги започна археолошките ископувања на локалитетот “Мали Дол“ во с.Тремник, општина Неготино.

Стручната екипа е во состав: д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино. Ископувањата на Мали Дол, с.Тремник во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на овие археолошки ископувања откриени се вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи). Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.).

Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace