БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горазд Росоклија: “Референдум за легитимизирање на едно национално предавство”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Знаеме што потпишаа. Не знаеме зошто и за колку.

Ќе распишат референдум за ние Македонците да го легитимизираме нивното национално предавство!

Некој треба да им објасни дека колку и да го осиромашуваат народот, колку и да му го прават животот неподнослив, колку и да го туркаат во безнадежност, Македонецот нема да поверува дека со скок во амбис на непостоење, со разградување на сите столбови на нацијата и на државата кое е во тек, со криминализација на општеството која е во континуитет од моментот на приватизацијата до денес, криминализација одобрена од меѓународниот фактор како поткуп на властодршците за спороведување на програма за национален и државен геноцид… дека сето ова ќе исчезне кога ќе прифатиме да исчезнеме од историјата!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тие од нас бараат да влеземе во воен сојуз за нашите млади луѓе да бидат топовско месо во борбата за нивните интереси, но не ни дозволуваат да ги закопаме како Македонци! Дали било кој може да мисли дека оној кому самото твое постоење е неподносливо, ќе ти овозможи да напредуваш, да го достигнеш, да се натпреваруваш со него, откако ти ќе прифатиш дека си никој и ништо, отпадок на некој од околните словенски народи како што не дефинираат?

На 30 септември ќе бидам во Македонија и ќе ја бојкотирам циркузијадата која ја организира меѓународниот фактор со колаборационистичката власт.

Извор: Горазд Росоклија-Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace