БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали новата победничка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар е предвесник на пошироки политички промени во Р. Македонија?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Владимир Ѓорчев во свој фејсбук статус денеска ја објави новата локална власт предводена од новокомпонираното владеачко мнозинство на локално ниво во Дебар:

Денес:

ВМРО-ДПМНЕ е во победничката коалиција со МНОЗИНСТВО во Дебар, а СДСМ замина во ОПОЗИЦИЈА.

Бројките од ДЕНЕС за избор на ВД градоначалник:

ВМРО-ДПМНЕ 2 советници
Алијанса на Албанците 3 советници 
Беса 2 советници 
ПЕИ 1 советник
Новото мнозинство: 8 советници

Во опозиција заминаа: 
ДУИ 5 советници 
СДСМ 2 советници 
Опозицијата: 7 советници

Честитки до новото мнозинство во Советот на Дебар. Им посакувам да работат во интерес на граѓаните од СИТЕ националности. Нека има што повеќе проекти за народот во Дебар.

Среќно!

-напиша Владимир Ѓорчев со што предизвика внимание во јавноста дали станува збор за нови коалициски преструктуирања само на локално ниво или пак во прашање се подраматични политички процеси меѓу политичките фактори во државата на централно ниво, за што останува да видиме што ќе се случува во периодот кој претстои пред нас.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace