Професор Каракамишева ги потсети ‘продадените пратеници’ кои сакаат да го поддржат предавството на Заев, дека како што поминува време јасно е дека можат да бидат изманипулирани од страна на премиерот , и да останат како искористени крпи за бришење, а меѓу народот како предавници. Таа ги повика да размислат , и ако стварно ја сакаат оваа држава , нека се потрудат да се испратат овие предавници на буниште , вели Каракамишева.
“Сега кога е јасно дека одметнатите пратеници можат сериозно да бидат извозени од Заев, ем да послужат како крпа за бришење ем во зандана, што одбраа? Ќе ја штитат ли Македонија за да ги испратиме предавниците на буниште или пак ќе слугуваат џабе? За да не биде после не сме кажале!”
– напиша таа.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија