Пратеникот Владимир Ѓорчев во свој фејсбук статус денеска ја објави новата локална власт предводена од новокомпонираното владеачко мнозинство на локално ниво во Дебар:
Денес:
ВМРО-ДПМНЕ е во победничката коалиција со МНОЗИНСТВО во Дебар, а СДСМ замина во ОПОЗИЦИЈА.
Бројките од ДЕНЕС за избор на ВД градоначалник:
ВМРО-ДПМНЕ 2 советници
Алијанса на Албанците 3 советници
Беса 2 советници
ПЕИ 1 советник
Новото мнозинство: 8 советнициВо опозиција заминаа:
ДУИ 5 советници
СДСМ 2 советници
Опозицијата: 7 советнициЧеститки до новото мнозинство во Советот на Дебар. Им посакувам да работат во интерес на граѓаните од СИТЕ националности. Нека има што повеќе проекти за народот во Дебар.
Среќно!
-напиша Владимир Ѓорчев со што предизвика внимание во јавноста дали станува збор за нови коалициски преструктуирања само на локално ниво или пак во прашање се подраматични политички процеси меѓу политичките фактори во државата на централно ниво, за што останува да видиме што ќе се случува во периодот кој претстои пред нас.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија