На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски поднесе предлог за изградба на нов експресен пат Делчево-Кочани кој е дел од Коридорот 8а.
Овој нов експресен пат е предвиден за изградба на делницата од влез запад на Кочани преку клучка Превалец кај Виница преку Калиманско поле преку село Бигла се до влезот на Делчево и истиот е со благопријатна и експресна траса за возење на сончева експозиција која не задржува снег подолго време и е далеку поефикасно решение од постојната траса на регионалниот пат А3 кој ги поврзува општините Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани.
Со изградбата на оваа делница од Коридор 8а се поврзува Делчево на Коридор 10 кој во Бугарија се поврзува преку автопат до Софија.
Погледнете го обраќање на Никола Мицевски од говорницата на Македонското Собрание во кое што тој го изнесе својот предлог кој што е од нужна потреба за граѓаните на Делчево од безбедносен сообраќаен аспект но и од аспект за развој на локалната економија.
За жал овој предлог на опозицијата не беше прифатен во оваа фаза на разгледување од страна на Владата на Зоран Заев.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево