Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски, заедно со дел од кандидатите за советници, денес на плоштадот во Македонска Каменица промовираше уште еден проект од неговата предизборна програма. Станува збор за проект од областа на енергетиката и животната средина кој се состои во субвенционирана реконструкција на фасадите на станбените згради за колективно домување во Македонска Каменица.
„Земајќи ги во предвид барањата и потребите на граѓаните, општина Македонска Каменица ќе субвенционира реконструкција на фасадите на колективните објекти за домување. Овој проект има повеќекратно значење. Најпрвин, значително ќе се подобри енергетската ефикасност на колективните згради, со што и граѓаните ќе заштедуваат повеќе. Освен тоа, Општината ќе добие поубав лик со што ќе се продолжи по трасираниот пат за градење модерна европска општина“ – изјави градначалникот Митевски.
Проектот ќе биде од голема важност за граѓаните на општина Македонска Каменица, бидејќи ќе придонесе за намалување на нивните трошоци за затоплување, но и за намалување на емисиите на штетни гасови кои се ослободуваат при согорување на огревно дрво и пелети.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис