БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ХИГИЕНАТА ВО ДЕЛЧЕВО: СДСМ КОНТРА ЈПКД БРЕГАЛНИЦА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција денес кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски рече дека хигиената во градот Делчево е загрозена заради недостиг од возила, јавното претпријатие ѓубрето во Делчево го исфрла со трактор. -Двете стари возила за собирање ѓубре со кои располага јавното претпријатие не се доволни за тековното работење на јавното претпријатие. Низ градот и куќите има контејнери и канти во кои повтроно се фрла неселктиран отпад на несоодветно место. Во руралните средини има уште поголеми проблеми, недоволно канти за отпадоци и контејнери и нередовно собирање на кантите кое некогаш трае и со недели, рече Трајковски на денешната прес-конференција. Приоритет на кандидатот за градоначалник од СДСМ ќе биде подобрување на комуналната хигиена во Делчево. -Повеќе канти за сите места во општината но и во руралните средини, ќе ги одржуваме сите постоечки партерни површини, паркови и зеленила и партерно и хортикултурно ќе ги уредиме запуштените делови од градот со приоритет околу општествените и јавните институции во градот, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски.

Директорот на ЈПКД „Брегалница“ Дарко Гоцевски со одговор на овие видувања на кандидатот за градоначалник од СДСМ. -Точно е дека имаме недостиг од канти за селектирање на отпад, но истите веќе ќе бидат набавени со проектот за регионализација на депониите исто како и возилата кои ќе ни бидат доделени, а ќе бидат наменети за собирање на комунален смет, рече директорот на ЈПКД Брегалница, Дарко Гоцевски, кој додаде дека што се однесува до чистотата на градот Делчево е еден од најчистите градови во истокот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace