Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на реакцијата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на кандидатот за градоначалник Горан Трајковски од СДСМ за реформите во образованието во изминатиот период во Делчево.
ЗА ТОА ШТО НАПРАВИ ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО И ВЛАДАТА НА ВМРО ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ДЕЛЧЕВО ЗБОРУВААТ БРОЈКИТЕ И ФАКТИТЕ
Бесплатно образование и учебници, реконструирани училишта, две нови спортски сали, компјутер за секое дете и повисоки плати за наставниците се дел од проектите коишто се реализирани во образованието во Општина Делчево во изминативе 11 години, за коишто години кажувате дека е уништен образовниот процес.
Како вие планирате да го подобрите со истите проекти кои веќе се реализирани, а според вас го унакажеле целокупниот образовен процес?
Дали можете да кажете кога вие како наставник имате земено повисока плата од платите за времето на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ?
– Во изминатите години во нашата општина се изградени две спортски сали, дел од проектот на Владата на ВМРО- ДПМНЕ „Изградба на 145 училишни сали“.
– Обезбедени се 213 преносни компјутери за наставниците, 379 преносни компјутери за учениците од одделенска настава, 1520 компјутерски единици за ученици, 2 електронски табли и 9 принтери.
– Во ООУ „Ванчо Прке“ е изграден целосно нов кров од термоизолациони сендвич панели, заменети се 110 дрвени прозори и 45 дрвени врати, со нови термоизолациони, за имплементирање на енергетско ефикасни мерки, со финансии од буџетот на Општина Делчево ИПА компонента за прегугранична соработка.
– Реконструиран е и кровот и целокупната столарија во ООУ „Св.Климент Охридски“ во 2016 година со средства од Министерството за образование и наука.
– Поставени се фитнес справи за вежбање во дворовите и на двете основни училишта со средства од буџетот на Општина Делчево.
– Доградени се 6 нови училници во СОУ „М.М.Брицо“ финансирани од ИПА – прекугранична соработка и буџетот на Општина Делчево.
– Реконструирани се постоечките капацитети на Детската градинка Весели цветови со примена на мерки за енергетска ефикасност како и доградба на уште четири нови занимални за проширување на веќе постоечките капацитети, со средства од УНДП, средства од детската градинка како и средства од Општина Делчево.
– Изграден е мултифункционален спортски комплекс во дворот на ООУ „Ванчо Прке“ во чиј состав се наоѓа мултинамеско спортско игралиште со површина од 1500 м2 со армирано- бетонски трибини во должина од 35 метри и поставени рефлектори за користење на игралиштето во вечерни услови. Изграден е и единечен тениски терен во склоп на мултинамеското спортско игралиште. Средставта се од буџетот на Општина Делчево.
-Во континуитет се доделуваат стипендии за средношколци, студенти, како и за првенци на генерацијата и се наградуваат најдобрите матуранти со средства од буџетот на Општина Делчево.
Освен укинувањата од ваша страна и стопирањето на значајни проекти, во периодот откако дојдовте на власт не спроведовте ниту една мерка во областа на образованието.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Осум награди за ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари на 23. Меѓународен детски етнофестивал „Децата од Балканот“ во Хасково, Бугарија
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани