Големиот минус на температурите кој нѐ дочека минатата зима, не би требало да се повтори и во претстојната сезона.
Барем така прогнозираат меторолозите. Тие најавуваат дека оваа зима најниска температура ќе биде -6 степени и тоа на планините.
Според најавата на Националниот климатски центар оваа зима ќе биде блага.
Се очекува да има од 30 до 60 ладни денови во ниските предели, а на планините 60 до 80 дена.
Што се однесува до снегот, оваа зима не се знае точно кога може да очекуваме снег, но се најавува дека количината ќе биде просечна.
Се проценува дека ќе има од 32 до 40 дена со снег, додека на планините до 50 дена.
Судејќи по сѐ оваа зима ќе биде една од најтоплите зими.
Извор: Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист