БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Полицијата како штаб на СДСМ: Викани на информативен разговор во полиција и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново Облешево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Полицијата под раководство на Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да функционира како партиски штаб на Зоран Заев.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови се жртви на притисоци од страна на полицијата. Во низата случаи се вбројуваат и најновите информации кои пристигнуваат од терен.

Имено, денес на предизборниот молк пред утрешното гласање, во полиција се викнати на информативен разговор и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново Облешево.

Порано во текот на овој ден ваков случај имаше и во Зрновци. Полицијата малтретираше членови на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имено, во Зрновци денес на разговор е повикан активист и член на ВМРО-ДПМНЕ.

В.Ѓ. е држен во полициска станица, а причината за тоа не е позната.

Ова не е изолиран случај. Веќе поминува во пракса членови на ВМРО-ДПМНЕ да се повикуваат без причина на информативен разговор.

Врз нив се врши притисок да не излегуваат на гласање. Членови на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија се мета на уцени и закани од страна на активисти и функционери на СДСМ со поддршка на полицијата.

Извор:Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот