На денешната конститутивна седница која ја отвори и претседаваше најстариот советник Иван Бојаџиски беше верификуван мандатот на новите 23 советници и со 12 гласови „За“ и 11 „Воздржани“ беше избран советникот Јане Миланов за нов Претседател на Советот на Општина Штип.
– Како претседател на Советот, ќе работам во интерес на граѓаните на Штип и се надевам дека со двете коалиции ќе имам соработка. Сакам да се заблагодарам за довербата и се надевам дека сите заедно, на чело со градоначалникот Благој Бочварски ќе работиме во интерес на граѓаните – напомена Миланов.

Иван Јорданов од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нивната констркуктивност ќе зависи од конкструктивноста во работењето на советничката група на СДСМ.
На денешната седница формирани се и комисиите и помошните тела на Советот на Општина Штип.
Имајќи во предвид дека Штип во среда го одбележува денот на ослободувањето, 8 ноември, Советот на денешната седница избра и Комисија која ги разгледува пристигнатите предлози за признанието 8 ноември кое се доделува традиционално на денот на ослободувањето на градот


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево