БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прогласени најдобрите гимнастичари за 2018 во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На пригодна свеченост во организација на Федерацијата на гимнастичарски спортови на Македонија вчера (недела 23.12.2018 година) во Виница беа доделени признанијата на најдобрите поединци и клубови за изминатата 2016 година

Во продолжение го пренесуваме официјалното рангирање на најуспешните, направено од страна на Федерацијата:

Најдобар женски тренер – Николина Главеска КГС Партизан – Битола

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Јана Николова и Патриција Костадиновска од Виница се виничките асови во гимнастиката за 2018 година. Николова доби признание за најдобра јуниорка во А лигата, а Патриција за најдобра млада пионерка во А лигата, двете перспективни гимнастичарки беа прогласени од првите луѓе во Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија.

Јана Николова е прва година во средно образование во Штип, и зад себе има бројни успеси и резултати со петгодишен активен тренинг во гимнастичкиот клуб во Кочани, додека Патрициа со своите девет години и тригодишен тренинг во клубот веќе има две први места на меѓународен турнир во Благоевград и на државен натпревар во Битола. 
Патриција и Јана се членови на клубот од Кочани, чии тренер Николче Колев беше прогласен за најдобар машки тренер.
Наградите во сите категории ги врачија градоначлникот Ивица Димитров како домаќин, кој најави повеќе буџет за спортот и изградба на нови спортски капацитети во 2019, и Љупчо Арнаудов, претседателот на Федерацијата кој рече дека

“2019 благодарение на новиот инпут од 6 милиони евра во спортот, ќе придонесе сите наши цели да се остварат“

Во рамките на манифестацијата беа прогласени најдобрите поединци во А и Б-лига, како и најдобрите клубови, спортисти и тренери за 2018г.

Општина Виница на почетокот на 2019 година планира поголем спортски настан во насока на поголема афирмација на спортските работници и надежи од општината и секако поголема мотивација и стимулација за оние кои зад себе имаат веќе редица од позитивни резултати.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace