Кога се’ има визија и се’ сака тогаш сите предизвици може да се надминат. Градоначалникот на општина Виница е типичен пример на посветен човек кој што своите ветувања ги преточува во вистински плодотворни проекти кои што во огромна мера го подобруваат животот на граѓаните на Виница и тоа во сите населени места во општината.
Врз основа на неговите политички определби, програма за работа и заложбите на неговиот тим градоначалникот Миле Петков бескомпромисно влезе во борбата за обезбедување на чиста животна средина за жителите на Виница и поширокиот регион.
Депонијата во селото Блатец е веќе исчистена од страна на надлежните служби, а во сериозен прогрес е и постапката за чистење на депонијата во село Истибања.
Чистењето на овие депонии следува по третманот на депонијата во село Лески и на неколку други локации низа населените места во општината.
Ваквата посветеност за реализација на овие активности од страна на градоначалникот е сериозен мотив за граѓаните де се придружат на оваа кампања за справување со загадувањето во општината и соответен третман на отпадот од домаѓниствата,
“
Депонијата во с.Блатец е исчистена, 3000м3 кубни отпад беше отстранет, просторот порамнет и наредниот период следува негово озеленување.
Моментално се работи на отстранување на отпадот на дивата депонија во с.Истибања. Потоа исто така и овој простор ќе биде уреден и озеленет.”
-информираше денеска во јавност градоначалникот на Виница Миле Петков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување