БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

18 милиони евра ги чинат граѓаните поради пропаднатата еврообврзница од пред некоја недела, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноса за загубата на 18 милиони евра од страна на неспособната влада која што пред некоја недела издаде обврзница која што поради сопствена неспособност не успеаа да ја реализираат и еврообвзницата пропадна.

“Почитувани претставници на медиумите, почитувани медиуми
Нови 10 училишта, нови 15 здравствени амбуланти, нови 10 градинки, нова болница, лек за болните од церебрална парализа, веднаш.
Сето ова можеше да се направи со 18 – те милиони евра кои Владата ги загуби или потроши за пропаднатата еврообврзница.
18 милиони евра ги чини граѓаните суетата и кавгите на министрите на Ковачевски.
Калкулирањето со пониската сума на издадена еврообврзница нема да го сокрие зголемениот трошок којшто сега го плативме сите ние како држава.

Приносот или вистинскиот вкупен трошок за еврообврзницата која беше издадена пред месец дена беше 6,5% или за износ од 600 милиони евра, државата за 4 години требаше да плати 156 милиони евра. Сега, ако издадеше 600 милиони евра за 4 години со постигнатиот повисок принос од 7,25% државата ќе платеше 174 милиони евра или повеќе 18 милиони евра отколку пред месец дена. Затоа издадоа 500 милиони евра, да сокријат колку изгубија, а не дека за еден месец се свестија за други извори за финансирање по пониски камати.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој срам тешко дека ќе се заборави. Многу ја чини Македонија. 

Овие пари нема да ги вратат министрите од своите џебови, овие пари ги плаќаат граѓаните.
Неспособноста и криминалот се главното лице на власта на СДС и ДУИ.
Тоа мора да се промени.”

-соопшти Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace