Со подобрување на временските услови на терен општинските власти во Македонска Каменица на чело со градоначалникот Димче Атанасовски ги активираа сите ресположиви капацитети во реализација на предвидените проекти од програмата на градоначалникот.
Тековно се работи на хортикултурно уредување на кејот на Каменичка река во централното градско подрачје со што градот ќе го добие досега најубавиот изглед според најавите на надлежните.
Дополнително се реализираат и повеќе други активности и проекти за кои информира градоначалникот Атанасовски во јавност:
“
Тековни работни и градежни активности за:
Хортикултурно уредување на зелените површини околку градскиот кеј на Каменичка Река![]()
Изградба на нови и нивелирање на постоечките сливни шахти од атмосферската канализација во централното градско подрачје![]()
Доизведба на секундарната водоводна мрежа во приградската населба Павлиш Дол, со што е овозможено приклучување на сите домаќинства на водоводниот систем од овој дел на Македонска Каменица
“
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина