БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зема залет општинската власт во Македонска Каменица во реализација на барањата на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со подобрување на временските услови на терен општинските власти во Македонска Каменица на чело со градоначалникот Димче Атанасовски ги активираа сите ресположиви капацитети во реализација на предвидените проекти од програмата на градоначалникот.

Тековно се работи на хортикултурно уредување на кејот на Каменичка река во централното градско подрачје со што градот ќе го добие досега најубавиот изглед според најавите на надлежните.

Дополнително се реализираат и повеќе други активности и проекти за кои информира градоначалникот Атанасовски во јавност:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“👉 Тековни работни и градежни активности за:

✅ Хортикултурно уредување на зелените површини околку градскиот кеј на Каменичка Река❗

✅ Изградба на нови и нивелирање на постоечките сливни шахти од атмосферската канализација во централното градско подрачје❗

✅ Доизведба на секундарната водоводна мрежа во приградската населба Павлиш Дол, со што е овозможено приклучување на сите домаќинства на водоводниот систем од овој дел на Македонска Каменица❗“

-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот