Градоначалниците на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов, Миле Петков, Борчо Коцев и Далибор Ангелов потпишаа Договор во врска со преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани.
Според договорот, општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево имаат обврска да плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад депониран на депонијата во Кочани. Количините на депонираниот отпад ќе се утврдуваат на дневна основа, според носивоста на возилата.
Општина Кочани преку КЈП „Водовод“ ќе презема активности за управување со депонијата.
Доколку произлезат прашања коишто не се предвидени со овој договор, тие дополнително ќе се уредат со анекс.
Извор: Општина Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово