Утре понеделник (17.02.2025 година) со почеток во 10 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.
Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.
На настанот ќе присуствуваат и градоначалниците на скопските Општини, градоначалници на Општини од Скопскиот и од Североисточниот плански регион, претставници од УНДП, како и претставници од невладини организации.
Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.
Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена