БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пробивање и тампонирање на селски пат до имотите и фармите во село Таринци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ангажирана градежна механизација денеска работеше на пробивање и тампонирање на пристапен селски пат до земјоделско земјиште и до фармите во атарот на селото Таринци, општина Карбинци.

Ваквите активности се реализираат во рамки на предвидената програма на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во интерес на самите жители.

Градоначалникот Паунов денеска беше на лице место во насока на решавање на можните предизвици кои што при реализацијата на ваквите активности би можеле да се појават. Истовремено градоначалникот Паунов најави реализација на проекти за изградба на нови улици во селата Долни Балван и Радање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Пролетните активности продолжуваат. Денес се работи на уредување и тампонирање на пристапен пат до земјоделско земјиште и околните фарми во атарот кај Таринци.

🚧 Ваквите активности ќе допринесат за подобра инфраструктура на жителите кои ќе го користат овој пат до своите ниви и фарми.

Проектите се реализираат, реалноста е дека во општина Карбинци се работи и програмата се реализира. ✅

🔜Во текот на следниве денови ќе се започне со реализација на повеќе улици во селата Долни Балван и Радање.”

-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во врска со овие тековни активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace