БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фокус на градоначалникот Атанасовски кон реализација на проекти за граѓаните во селата во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски продолжува со посветената реализација на проекти за жителите на сите населени места во општина Македонска Каменица. Како резултат на постојаната комуникација на градоначалникот со граѓаните во континуитет се решаваат проблемите и приоритетите со кои што се подобрува живеачката како за селата така и во општинското урбано јадро.

Во моментот на терен се работни екипи засилени со соодветна механизација кои се ставени во служба на жителите на селото Моштица, а ваквата иницијатива ќе продолжи да се реализира и во другите рурални места во наредниот период. За жителите на селото Моштица следува изградба на нов канализациски систем со што значително ќе се придонесе кон подобрување на животниот стандард за граѓаните како и зачувување на здрава и чиста животна средина во преубавата природа во атарот на селото.

За ваквата посветена иницијација на градоначалникот да добие соодветна реализација на предвидените проекти на терен овозможува и посветената и мотивирана работа на вработените во општинската администрација кои работат на обезбедување на соодветна техничка документација и функционалност во смисла на запазување на сите правни и финансиски процедури, со што проектите добиваат оптимален квалитет за најповолна цена во моментот на пазарот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес сум во село Моштица каде ги решаваме најголемите проблеми на жителите. Наши екипи се на терен и работат, а наскоро во ова село ќе започне изградба на нов канализационен систем. Подготвени се уште неколку проекти кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа година.”

-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица во врска со овие негови тековни активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace