Влезот на градот Штип долж улицата “Партизанска” добива нови тротоари за зголемена безбедност на граѓаните кои што гравитираат кон овој дел од градот. Започна реконструкцијата на пешачките тротоарски површини кои што беа потреба за самите жители поради лошата состојба на партерот во изминатиот период. Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов согласно неговите програмски определби беше на лице место на терен каде што се реализираат изведбените работи од страна на фирмата изведувач од каде што за јавноста најави дека ваквата реализација ќе продолжи низ општината и во наредниот период.
“Безбедноста на граѓаните – наш врвен приоритет!
Согласно планираната динамика, денес започнавмe со реконструкција на тротоарите на влезот од градот на ул.”Партизанска”.
Како што најавивме, продолжуваме интензивно да работиме на изградба и реконструкција на нови пешачки површини, кои ќе обезбедат слободно и безбедно движење на пешаците!”
-информираше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево