Ангажирана градежна механизација денеска работеше на пробивање и тампонирање на пристапен селски пат до земјоделско земјиште и до фармите во атарот на селото Таринци, општина Карбинци.
Ваквите активности се реализираат во рамки на предвидената програма на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во интерес на самите жители.
Градоначалникот Паунов денеска беше на лице место во насока на решавање на можните предизвици кои што при реализацијата на ваквите активности би можеле да се појават. Истовремено градоначалникот Паунов најави реализација на проекти за изградба на нови улици во селата Долни Балван и Радање.
“Пролетните активности продолжуваат. Денес се работи на уредување и тампонирање на пристапен пат до земјоделско земјиште и околните фарми во атарот кај Таринци.
Ваквите активности ќе допринесат за подобра инфраструктура на жителите кои ќе го користат овој пат до своите ниви и фарми.
Проектите се реализираат, реалноста е дека во општина Карбинци се работи и програмата се реализира. ![]()
Во текот на следниве денови ќе се започне со реализација на повеќе улици во селата Долни Балван и Радање.”
-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во врска со овие тековни активности.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември