Според информации до кои дојде нашиот портал од неименувани извори дознаваме дека денеска во Делчево биле вршени вонредни контроли во приватни угостителски објекти од страна на надлежни служби на државата.
Комбинирани тимови на Управата за финансиска полиција придружувани со инспектори од Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Инспектори од Дирекццијата за заштита и спасување со асистенција на полициски службеници од ОВР Делчево извршиле контрола на угостителски објекти кај кои се пронајдени редица неправилности во работењето за што инспекторите изрекле соодветни казни против деловните угостителски објекти.
Од надлежните органи се уште нема соопшетние во јавност за превземените дејствија во денешната акција во Делчево.
Неофицијално дознаваме дека станува збор контрола на угостителски капацитети во сопственост на висок партиски функционер на СДСМ во Делчево од минатото за кои што во јавноста во минатите години циркулираа најразлични муабети за нивното работење.
Премиерот на Македонската Влада Христијан Мицкоски пред неколку денови најави бескомпромискна битка со криминалот во државата најавувајки интензивни инспекциски контроли за надминување на сите незаконски неправилности во работата на угостителските објекти кои што може да доведат до несакани последици по однос на животот и безбедноста на граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото