Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со останати високи државни органи денеска присуствуваа на настанот за одбележување на 5 годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО.
“Денес, со посебна чест и гордост, бевме дел од одбележувањето на петгодишнината од пристапувањето на Македонија во НАТО, стратешка цел кон која тежнеевме со години и која денес е наша реалност. Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот, што значи пет години гарантирана безбедност, стабилност и партнерство со сојузници кои ги споделуваат истите вредности.
Посебна почит и благодарност упатуваме кон македонската армија, столбот на нашата безбедност и суверенитет. Нашите војници, со својата професионалност, пожртвуваност и лојалност, го носат македонското знаме на меѓународните мисии и покажуваат дека сме рамноправен партнер во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност.
Овие пет години ја зајакнаа нашата позиција, ни дадоа пристап до најсовремени воени стандарди и ни овозможија поголема сигурност во време на глобални предизвици. Но, ова не е крај, туку почеток на уште поголеми вложувања во безбедноста, армијата и нашите капацитети.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција