Од денес, општините можат да аплицираат за
иницијативата WiFi4WB (Wi-Fi for Western Balkans) преку која ќе се воспостават бесплатни Wi-Fi точки во 500 општини ширум Западниот Балкан. Wi-Fi точките ќе бидат воспоставени на јавни површини т.е. плоштади, паркови, библиотеки, музеи и училишта обезбедувајќи им на жителите и посетителите бесплатен и квалитетен пристап до интернет.
#Wifi4WB инцијативата е дел од
Планот за раст и поттикнува дигитална трансформација како клучен двигател кон регионална поврзаност. Иницијативата се спроведува преку програмата EU4Digital Action која е финансирана од
Европската Унија и
Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а е имплементирана од страна на Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).
Крајниот рок за поднесување апликации е 28 април 2025 година преку
https://wifi4wb.eu/


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови